„Паркиралишта Струмица“ ќе отпочне со уредување на паркингот позади Јавното обвинителство.

Со комплетирањето на административната процедура и добивањето согласност од страна на Советот на општина Струмица, а претходно и од СВР Струмица за промена на режимот на сообраќај за парцелата 1728/1 која се наоѓа позади зградата на ул. „Ленинова“ бр. 14, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ќе отпочне со организирање на парцелата во паркинг површина согласно законските прописи и регулативи. 12705423_937151759671588_4163566599315098593_nИако и во моментов на таа површина се паркираат моторни возила, заради непочитување на прописите настанува сообраќаен метеж, блокирање на возилата, а оневозможено е циркуларно движење што го отежнува нормалниот тек на функционирање и на станарите и на сопствениците на деловни простории. Од таа причина, неопходно е преуредување на површината за да може во истиот простор регуларно да се паркираат поголем број возила.12744052_937151763004921_5856329272630429051_n

За таа цел ќе бидат изведени и градежни зафати како би се овозможило непречено движење на моторните возила. Паркингот ќе брои 24 паркинг места од кои едно за лица со посебни потреби. Оваа паркинг површина е доделена на управување на Јавното претпријатие, а на претходна иницијатива на станарите од ул. „Ленинова“ бр. 14 и Основното Јавно обвинителство за организирање на паркингот позади зградата.12745984_937151766338254_8405992696151005123_n

Comments are closed.