Во Струмица се случиле 12 кражби и 7 сообраќајни незгоди во изминатата седмица

Изминатата недела на територијата на општина Струмица се случиле 15 кражби каде објект на напад биле : ЕВН, двор, нива, продавница, а предмет на напад биле електрична енергија, електромотор,цвеќиња, лап топ, денари, кондиторски производи, дрвена бандера, машина за милење пченка, рачна количка – пишува во неделниот билтен на СВР Струмица.

policija-soobrakajka-630x3202

Во овој период поради управување на моторно возило без возачка дозвола, алхохол, неприлагодена брзина и првенство се случиле и 7 сообраќајни незгоди каде  што три лица се здобиле со телесни повреди. Причинета е материјална штета во висина од 135000 денари.

Јавниот ред и мир бил нарушен  пет пати со пријавени физички напади, карање и викање, а полицијата спровела и 2 акциски контроли при што биле констатирани 17  прекршоци  – пишува во неделниот билтен на СВР Струмица.

Comments are closed.