Запалените оџаци сеуште најчести интервенции на струмичката противпожарна единица

Струмичките пожарникари имале 6 интервенции во градот и населените места во периодот од 8 –14 февруари.
Најмногу работа ТППЕ имала во гаснење на запалени оџаци  (3 интервенции).fire-12-1-640x406

Покрај ова, пожарникаритe гаснеле и опожарена камп приколка и пластичен отпаден материјал на улицата Атанас Караман, a најдолгата интервенција траела само 55 минути. Исто така, пожарникарите и технички интервенирале воизвлекување на лице од превртено возило.

Со брзата и навремена интервенција на ТППЕ – Струмица спречени се штети од поголем размер.

Comments are closed.