ТЕЗИ И АСКЕЗИ – нова книга од Горан Тренчовски

Неодамна во издание на „Феникс” од Скопје излезе најновата книга на режисерот и писател Горан Тренчовски  – „Тези и аскези”.

Во предговорот, Зоран Стефановиќ, драматург и сценарист од Белград, го нарекува ова дело „временска капсула, книга која се занимава со местата на древните митови, со односот на книжевноста и драмските уметности, со разгледување на културниот дух на македонската и соседните традиции, со филмолошки, театролошки и културолошки теми…”.korica_tezi_i_askezi_-_jpg (1)
Во книгата „Тези и аскези” се содржани 12 студии, огледи и есеи за книжевноста и интермедијалноста. Авторот Тренчовски во овие текстови допира повеќе интересни теми, меѓу кои: митот за Дионис кај нас, психоаналитичноста кај Цепенков, хронотопот кај Прличев, татковинството кај Чинго и Киш, како и драмскиот дискурс во некои дела на Кочо Урдин , Стојан Ковачев, Митко Маџунков, Васе Манчев, Томе Арсовски, Венко Андоновски и др.

Comments are closed.