Момче од с.Добрејци пронајдено мртво

Вчера околу 16 часот во ЕИК-Скопје од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека на ул. „Иван Цанкар” починало лицето М.А.Б. (23) од струмичкото село Добрејци.

policija4Како што пишува во дневниот билтен на МВР, истиот бил пронајден од страна на неговиот другар во легната положба на креветот до кој имало траги од крв и повеќе шприцеви. Додека, до креветот на починатиот бил пронајден и пиштол непозната марка (црна боја) на кој пишувало 9мм со пригушувач на звук, велат од полицијата.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје.

 

Comments are closed.