Свикана 36 седница на Советот на општина Струмица

Идниот вторник, 16.02.2016 во Домот на АРМ во Струмица ќе се одржи 36та седница на Советот на општина Струмица. Седницата ќе започне во 12 часот. Во продолжение погледнете го дневниот ред на седницата:425777_313235672063203_317407608_n1

  1. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 14 – општина Струмица, плански период 2015 – 2020;
  2. Предлог – Одлука за утврдување режим на сообраќај со обележување на паркинг простор за зонско паркирање на КП бр. 1728/1 КО Струмица;
  3. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежното земјиште за изградба на спортско игралиште во с. Костурино;
  4. Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за донесување на Локален акционен план за животна средина 2016 – 2022 година;
  5. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за вработување на определено време на 18 даватели на јавни услуги во ЈОУДГ „Детска Радост” Струмица;
  6. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за вработување на определено време на 110 даватели на јавни услуги во ЈПКД „Комуналец” Струмица;
  7. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за вработување на определено време на 24 даватели на јавни услуги во ЈПКД „Комуналец” Струмица;
  8. Предлог – Методологија за доделување на финансиска поддршка на програми на задруженија и фондации од Буџетот на општина Струмица;
  9. Предлог – Методологија за доделување на финансиска поддршка на проекти на здруженија и фондации од буџетот на Општина Струмица;

10. Предлог – Методологија за утврдување на критериумите за распределба на финансиски средства до спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот од Општина Струмица;

11. Предлог – Методологија за утврдување на критериумите за распределба на финансиски средства за тренери во спортските клубови на подрачјето на Општина Струмица;

12. Информација  за истражувањето за  успехот  на учениците во основните  општински училишта на подрачјето на општина Струмица  во учебната 2014/2015 година;

13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7152/6 КО Струмица;

14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 6512/8 КО Струмица;

  1. 15.       Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7669/1 КО Струмица;

16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 3660, дел од КП бр. 3661 и дел од КП бр. 3672 КО Дабиља;

17. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 452 КО Водоча;

18. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 505 КО Муртино;

19. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3042 КО Дабиља;

20. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 489/1 КО Просениково;

21. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 110/1 КО Раборци;

22. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1218/1 и КП бр. 1217/2 КО Добрејци;

23. Предлог – Решение за разрешување и именување на  членови во Управниот одбор на ЈП „Паркиралишта – Струмица” ;

24. Предлог – Решение за разрешување и именување членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП “Паркиралишта – Струмица”; и

25. Предлог – Одлука за внатрешната организација на општинската администрација на Општина Струмица.

Comments are closed.