Во Струмица се случиле 15 кражби и 5 сообраќајни незгоди во изминатата седмица

Изминатата недела на територијата на општина Струмица се случиле 15 кражби каде објект на напад биле казино. објект, ПМВ, семејна куќа, ЕВН, училница, фолија, трактор, колонијална продавница, а предмет на напад биле мобилен телефон, паричник, патна исправа, звучници, електрична енергија, цвечиња, огревни дрја, акумулатор, полиетиленско платно, кондиторски производи  – пишува во неделниот билтен на СВР Струмица.

policija-soobrakajka-630x3202

Во овој период поради неприлагодена брзина, алхохол, растојание, не почитување на сообраќаен знак се случиле и 5 сообраќајни незгоди каде  едно лице се здобило со телесни повреди. Причинета е материјална штета во висина од 153000 денари.

Јавниот ред и мир бил нарушен  пет пати со пријавени физички напади, карање и викање, а полицијата спровела и 2 акциски контроли при што биле констатирани 23  прекршоци  – пишува во неделниот билтен на СВР Струмица.

Comments are closed.