Се оградуваат турските гробишта во Струмица

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ работи на оградување на турските гробишта во Струмица. По завршените бетонски работи, денеска, почна поставувањето на металната ограда. Оградувањето се врши во должина од околу 130 метри, а во висина од 2,90 метри на потегот меѓу улицата „Ѓорѓи Василев“ и булеварот „Маршал Тито“. Од ЈПКД „Комуналец“ информираа дека ќе бидат поставени и канделабри со кои што ќе биде осветлен делот од улицата „Ѓорѓи Василев“.DSC_0559 DSC_0562 DSC_0564

Comments are closed.