На 5 места се гаснеле запалени оџаци минатата недела во Струмица

Струмичките пожарникари имале 7 интервенции во градот и населените места во периодот од 2 –7 февруари.
Најмногу работа ТППЕ имала во гаснење на запалени оџаци  (4 интервенции).fire-12-1

Покрај ова, пожарникаритe гаснеле и запален отпаден материјал на улицата ,,Ѓорѓи Василев ”, a најдолгата интервенција траела само 48 минути. Исто така, пожарникарите направиле и превентивна контрола на претходно опожарување на пластеник со расад како и технички интервенирале во отварање на заклучена просторија од индивидуална семејна куќа.

Со брзата и навремена интервенција на ТППЕ – Струмица спречени се штети од поголем размер.

Comments are closed.