Вечерва ќе се избираат најдобрите во спортот за 2015 година под покровителство на градоначалникот Заев

Вечерва со почеток во 20 часот во големата сала на домот на АРМ ќе се одржи традиционалната манифестација „Избор на најдобрите спортски екипи и спортисти на Струмица за 2015 година“.

sportist-na-godinata-059-Copy

фото: Архива

Манифестацијата се организира под покровителство на градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица, во соработка со спортските новинари и спортските работници од Струмица, а во техничка организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица.

На оваа традиционална годишна спортска манифестација, ќе бидат прогласени најдобрите спортисти и спортски екипи за 2015 година, во следните категории:

1. Најдобар спортист во млади категории;

2. Најдобра спортска екипа во млади категории;

3. Најдобар тренер во млади категории;

4. Најдобар тренер во сениорска конкуренција;

5. Најдобра сениорска спортска екипа;

6. Најдобар спортист во сениорска конкуренција;

Покрај прогласувањето на најдобрите и најуспешните спортисти и спортски екипи на Струмица за 2015 година, на манифестацијата ќе им бидат доделени плакети на спортски клубови и друштва кои во 2015 година прославуваа годишни јубилеи, како и на спортисти-интернационалци од Струмица, кои настапуваат за странски клубови и како репрезентативци на Македонија го афирмирале македонскиот спорт, а со тоа и струмичкиот спорт на меѓународна сцена.

Comments are closed.