Општина Струмица со финансиска поддршка на проектот „Да, и девојките играат фудбал“

Градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица се големи поддржувачи на спортот. Во изминатите десет години, континуирана финансиска поддршка добиваа спортски клубови, здруженија, поединци, а се финансираше и изградбата на нови спортски терени и одржување на постоечките. Посебна и редовна поддршка добиваа најмладите заради нивното правилно насочување и градење спортски дух. Така ќе биде и во оваа 2016-та година. Градоначалникот Заев и Советот на општина Струмица и оваа година финансиски го подржаа проектот „Да, и девојките играат фудбал“ чиј носител е женскиот фудбалски клуб „Тиверија“ од Струмица преку девојките од првиот тим на истиот.

12647473_929510723769025_3443505349418098975_nОд клубот информираа дека проектот ќе почне да се реализира на почетокот од месец март и ќе трае до крајот на мај оваа година. Планирани се повеќе активности по основните училишта и градинките во нашата Општина во кој ќе бидат анимирани преку 300 девојчиња од најразлична возраст. Дел од активностите ќе се одржат на фудбалското игралиште со вештачка трева во чија изградба беше помогната од градоначалникот Заев и општина Струмица.

Comments are closed.