Почна изградбата на канализациониот систем во населеното место Добрејци

Почнаа градежните работи за изведба на системот за фекална канализација во населеното место Добрејци. За овој, но и останатите два система во населените места Дабиле и Просениково, општина Струмица обезбеди 1.136.000,00 евра од Европската инвестициска банка. Во Добрејци ќе бидат изведени вкупно 10.760 метри канализациона мрежа со што сите граѓани ќе добијат можност да се приклучат на истата. Реализацијата на овој проект значи уште една потврда за силните заложби на градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица за подобар живот на сите граѓани во локалната заедница.12509638_929132380473526_4079669126282838600_n

-Веќе години наназад градоначалникот во соработка со Советот на општина Струмица преку реализација на бројни инвестициски проекти и други активности, континуирано работи на потврдување на визијата на Општината, општина Струмица да биде и остане најповолно место за живеење. Потврда за ова е и денешното започнување на реализацијата на проектот за изградба на фекални канализациони системи, односно, изградбата на канализациониот систем во селото Добрејци.

Овој проект е многу комплексен и се однесува на три населени места Добрејци, Просениково и затоа неговата реализација ќе се одвива во две фази: првата фаза е изградба на канализационен систем во село Добрејци заради тоа што истиот ќе биде приклучен на веќе постоечки колектор, а втората фаза ќе биде изградбата на фекалните канализациони системи во Просениково и Дабиле кои што ќе бидат приклучени во пречистителната станица чиј што процес на реализација е веќе започнат и истиот се очекува да биде заокружен во најбрз временски период.

12592565_929132307140200_4420066902859630562_n Средствата се обезбедени од Европската инвестициска банка врз основа на претходно изработена апликација од страна на општинската администрација, а секако потврдена и усвоена од страна на истата банка. Вредноста на целокупниот проект определена за општина Струмица изнесува околу 1.136.000,00 евра од кои за изградба на системот за фекална канализација во село Добрејци се определени околу 43 милиони денари.

12631351_929132393806858_8696901838969840075_nИзведбено градежните работи ќе ги врши фирмата „Жикол“ од Струмица, а надзорот ќе го врши Заводот за испитување на материјали од Скопје. Во овој контекст сакам да потврдам дека реализацијата на ваквите инвестициски проекти значат уште една силна потврда и заложба на Градоначалникот за подобрување на севкупниот амбиент во Општината, односно, подигнување на квалитетот на животот на сите граѓани во локалната заедница, рече Тони Милушев раководител на Одделението за локален економски развој на општина Струмица.12645149_929132493806848_7113427107015472366_n

Преку овој проект ќе се изведат вкупно 10.760 метри канализациона мрежа со што ќе се покрие целото населено место Добрејци.

-Одржувањето на системот ќе се изведува преку 260 ревизиони шахти, а рокот за реализација на овој проект изнесува десет месеци. За овој канализационен систем нема да се изведува посебна пречистителна станица за отпадни води затоа што ќе биде поврзан на струмичкиот канализационен систем при што водите ќе бидат носени во пречистителната станица на општина Струмица која што со изведба ќе започне во текот на оваа година, а ќе се заврши во текот на 2017 година. Обврската за одржување на овој систем ќе ја преземе Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ од Струмица, а исто така и обврската за куќните приклучоци.

12651233_929132293806868_6683669665590194780_n Сите заинтересирани жители од населеното место Добрејци ќе добијат можност за приклучување на оваа канализациона мрежа. Со реализацијата на овој проект ќе се реши долгогодишен проблем во ова населено место бидејќи како рамничарско село има проблем со одведување на атмосферските води, а има и доста висок водостој на подземните води што го оневозможуваше нормалното функционирање на септичките јами, рече Андреј Тошев инженер во ЈПКД „Комуналец“.

12688066_929132457140185_4823086525799919618_n 12670616_929132443806853_5582712222214529063_n 12662432_929132390473525_8177665839019738357_n 12654612_929132300473534_8663998190708674260_n 12670603_929132450473519_1528382010122460142_n

Comments are closed.