Почуствуван земјотрес во Струмица

Земјотрес со интензитет од три-четири степени според Европската макросеизмичка скала 1998 година, е почувствуван денеска во 13 часот и 10 минути во југоисточните делови на Македонија.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 120 километри југоисточно од Скопје, или на 3 километри од Струмица и 5 километри од Куклиш како што пишува на  http://www.emsc-csem.org/Earthquake/earthquake.php?id=486171 , страница за следење на земјотреси ширум светот.

zemjotres_seizmograf-1728x800_c

Comments are closed.