ОО СДСМ СТРУМИЦА: Владата на Никола Груевски конечно признава дека Струмица е најдобра дестинација за инвестирање во Македонија

Реакција на ОО СДСМ Струмица:

sdsm-vistinata(10),,Откако ја истера „Стијафилко“  да не инвестира во Струмица, откако безобразно го премолчи ангажманот на општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев за „Агрокор“  и откако ја одигра улогата на кочничар на евидентниот подем на општина Струмица, „браунфилд“ Владата на Република Македонија, конечно потпиша договор со „Џонсон Контролс“ за изградба на фабрика во индустриската зона во Струмица.

Со оглед на фактот дека во изминатиот период многу најавени инвестиции и потпишани договори, останаа само празни ливади, Македонија остана убедливо на последното место на Балканот по странски инвестиции.

Ваквиот потег веројатно значи дека по цели десет години, Владата на Никола Груевски конечно признава дека Струмица е најдобра дестинација за инвестирање во Македонија. Тоа значи дека власта во заминување, конечно признава дека Струмица е најдоброто место за инвестирање и живеење. Очекувано, затоа што Струмица, раководена од најуспешниот градоначалник во Македонија, Зоран Заев, е единствената незадолжена општина во државата, општина која што во 2013 година го доби меѓународниот  Сертификат за поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа, општина со најголем кредитен рејтинг, со најголемо искористување на европските ИПАРД фондови, со најдобри практики на транспарентно работење, најеколошка општина и единствена системски гасифицирана општина во државата. Се поради заслуга на Зоран Заев, претседателот на СДСМ.

Останува само нејасно, каква ќе биде структурата на оние кои би требало да работат во фабриката која се најавува, откако огромен број млади заминаа од државата поради катастрофалните политики на Никола Груевски.

Но, заврши времето на Никола Груевски, и завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ.- стои во писмената реација на ОО СДСМ Струмица

Comments are closed.