АНКЕТА: Дури 82% од испитаници од Струмица сметат дека владините политики влијаат врз иселувањето на младите од државата

Платформата „Граѓанска демократија“ реши да ги сподели резултатите од спроведената анкета за проблемот со иселувањето на на младите во странство.

,,Имајќи ја во предвид, од една страна,  реалноста со која секојдневно се соочуваме дека се поголем број на млади луѓе ја напуштаат државата, и тврдењето на владата, од друга страна, дека нашата држава е лидер во реформите и нуди прекрасни можности за младите, невладините организации кои сме дел од Платформата „Граѓанска демократија“ спроведовме истражување заради утврдување на причините за овој горлив проблем и дали младитесвојата иднина ја гледаат во Македонија или надвор од неа.” – изјавија од Платформата „Граѓанска демократија“1 (15)

Анкетата е спроведена на територија на општина Струмица, во градот и населените места,  на 346 испитаници на возраст од 18 до 32 години, притоа запазувајќи го родовиот баланс. Истата е составена од 7 едноставни прашања, со цел да се добијат точни и недвосмислени резултати.

На прашањето „Дали би се иселиле од Македонија“, 272 или 79% одговориле со „да“ и 74 или 21% со „не“.

Дали имаат член од семејството или нивното опкружување кои ја напуштиле државата, 78% рекле „да“, а  22% „не“.

На следното прашање, да наведат бројка на луѓе од нивното потесно опкружување кои ја напуштиле земјава, најчестите одговори се „од 1 до 10“ и „од 10 до 20“.

Дури 82% од испитаниците сметаат дека владините политики влијаат врз иселувањето на младите од државата.

На прашањето кои се основните причини за иселување, 82,4 % сметаат дека се од „материјален т.е. егзистенцијален карактер“, а само 0,6% од „духовен“, што покажува дека тврдењето на професорката Тања Каракамишева дека младите се иселуваат поради духовна празнина или невозвратена љубов, не е точно.

Дури 60% од младите луѓе не веруваат дека условите во нашата држава ќе се подобрат.

И на последното прашање, дали поседуваат друг пасош освен македонски, 75% одговорија со „не“, а 25% или една четвртина од испитаниците рекле „да“.

Анкетата беше спроведена теренски и онлајн.                2 (10) 3 (8) 4 (7) 5 (4) 6 (2) 7 (3) 8 9

Comments are closed.