Изминатата недела на територијата на општина Струмица се случиле 6 кражби каде објект на напад биле куќа, возило и деловна просторија,а предмет на напад биле безбедносна камера, мобилен телефон, евра, лаптоп, акумулатор, ЦД радио, резервна гума и др., пишува во неделниот билтен на СВР Струмица.
Во овој период поради управување на возило под дејство на алкохол се случила и 1 сообраќајна незгода каде возачот се здобил со телесни повреди. Причинета е материјална штета во висина од 60000 денари.
Јавниот ред и мир бил нарушен три пати со пријавени физички напади, а полицијата спровела и 2 акциски контроли за откривање на прекршоците што ги прават пешаците при што не биле констатирани прекршоци – пишува во неделниот билтен на СВР Струмица.