Моја, твоја и наша Струмица – Струмица е вечна

На ова парче земја кајшто сме се населиле ние, струмичани, твориме и копнееме за подобро утре. Понекогаш се бориме меѓу себе, но знаеме да си изразиме и сочуство. Веруваме во легендата за мома Струма по која Струмица го добила своето име – во женски род. Малку феминистички, но не и премногу – доволно, колку да се разбуди љубопитност за да се посети овој град.

998245_380784688690237_1338979309_n

Прекрасен град; изобилува со места за дружење, рекреација, наука, истражување и слично; поседува свои начини како да допре до вас и да ве натера да му се посветите доволно долго за да видите што има да ви понуди. А на менито има: историски цркви, манастири, џамии; споменици, градби, манифестации; хотели, ресторани, кафе-барови; бутици, факултети и разни занимации (што би се рекло). Големиот парк е уреден и во лето и во зима. 67008_338167912951915_1424980644_nНекои струмичани велат дека ни фали уште езеро, аеродром и зоолошка градина, а некои знаат дека од овие три работи, две имало порано. Но, ако го ставиме акцентот на она што вистински го имаме и поседуваме, тогаш е очигледно дека Струмица одамна се ослободи од статусот на провинција. Драги мои, Струмица е главен град, ако тоа е дефиниција за еден прекрасен и урбанизиран град за живеење и престојување, како и за сите други активности кои ни ги нуди и наметнува современиот живот. Струмица порасна и прерасна во град, на кој сме му горди, пред сѐ ние, струмичани, а и оние што доаѓаат кај нас. На нашето гостопримство му нема крај. Струмица е вечна!

1901298_210233929183519_1765055187_n

1511270_446813495420689_1980652542_n georg

Весна Д.

Comments are closed.