Струмичани, знаете ли како потекнал култот за Св. Петнаесет тивериополски (струмички) маченици?

Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици биле група христијански светци и маченици од IV век кои своите животи во име на христијанството ги загубиле во времето на римскиот цар Јулијан Отпадникот.

1024px-Sts._15_Martyrs_of_Tiveriopolis_(5)

Во времето на римскиот император Јулијан Отпадник (361-363) бил издаден акт за голем прогон на христијаните од империјата. Од они кои побегнале биле и Тимотеј, Комасиј, Евсевиј и Теодор кои се населиле во Солун. По краткиот престој во Солун тие заминале кон Тивериопол или денешна Струмица.

По пристигнувањето тие започнале да го проповедаат христијанството меѓу жителите на градот. Уште тогаш почнала да се шири нивната слава на доследни христијански проповедници и чудотворци.

По некое време за нивното дело во Тивериопол се разбрало во Солун од страна на императоротЈулијан Отпадник. По пристигнувањето во градот тие наредиле пред толпата народ да бидат доведени тивериополските црковни лица, по кое им било речено:

– Цело царство се потчинува на царската наредба која гласи дека треба да се поклониме на бесмртните богови… Како само вие се покажавте, наспроти целиот свет, помудри од старите луѓе?

Тие изјавиле дека и елинските писатели ги нарекуваат боговите неразумни и неморални и дека многу повеќе од нив ја разбираат незнабожечката религија. Но, во едни такви бајки бесмилено било да се верува, па затоа тие ја прифатиле верата бидејќи само тој за нив претставувал Бог. По ова Валент и Филип им поставиле прашање дали ќе пренесат жртва на боговите по кое тие повторно одбиле.

1024px-Sts._15_Martyrs_of_Tiveriopolis_(3)

Поради оваа изјава сите биле осудени на смрт со отсекување на главата. По погубувањето телата биле расфрлени а по заминувањето од градот на Валент и Филип жителите на градот ги зеле нивните тела и ги погребале во посебни гробови на кој било напишано името на секој од нив. Петнаесетте маченици од Тивериопол биле погребани во доцноантичка некропола, надвор од градот каде што се закопувале христијаните. Овие маченици пострадале во 361 или 362 година на 28 ноември. Денеска, според јулијанскиот календар, нивното име се слави на 11 декември. Дел од нивните мошти се наоѓаат во црквата Свети Петнаесет тивериополски маченициво Струмица.

Според верувањата светите маченици почнале да се појавуваат на местото каде што биле положени и ги гледале како одат ноќно време по бедемот, разделувајќи им на сите што им требаат големи исцеленија. Бугарскиот цар дал заповед на Брегалничката епархија да биде изграден нов храм каде ќе бидат пренесени моштите на мачениците. Бугарскиот кнез Борис ја поддржал градбата на крстовидната црква во Струмица врз темелите на разурнатата ранохристијанска базилика и над гробовите на мачениците.

Sveti_Tiveropolski_Macenici,_moneta

Зацврстувањето на светителскиот култ кон св. Петнаесет Тивериополски маченици било предизвикано со откривањето на светите мошти на петте свештеномаченици Тимотеј, Комасиј, Евсевиј, Теодор и Сократ во втората половина на IX век.

Во следните години според христијанските верувања, моштите на овие маченици станале извор на разни чуда: некој човек цел живот имал искривени нозе, па штом се допрел до ковчегот на светителите, оздравел; многумина измачувани од нечисти духови нашле спас за својата душа и тело, прибегнувајќи со молитва кон светителите; глуви прослушувале; неми прозборувале; болни од лепра оздравувале и уште безброј чуда се случувале од телата на овие свети маченици.

Sts._15_Martyrs_of_Tiveriopolis_(7)

Подоцна Струмица доживеала катаклизма и била разрушена до темел, а настрадале и моштите. Останала само една рака за која се претпоставува дека е на Петар, која што според верувањата направила многу чуда и излечила многу болни.

Денес, во Струмичката епархија, изграден е храм кој го носи името на овие свети маченици. Житието го напишал светиот Теофилакт, архиепископ Охридски. Овие маченици пострадале во 361 или 362 година, на 28 ноември. Денеска, според јулијанскиот календар, нивното име се слави на 11 декември. Дел од нивните мошти се наоѓаа во црквата Свети Петнаесет тивериополски маченици воСтрумица.

Денеска од страна на Македонската Православна црква и православниот свет нивното дело се чествува на 11 декември. Во градот Струмица, односно местото каде биле погубени 11 декември се слави како патрон на градот.

Sts._15_Martyrs_of_Tiveriopolis_(6) Sts._15_Martyrs_of_Tiveriopolis_(9)

Comments are closed.