За сите вљубеници во десертот, ова е идеален рецепт за вас. Уште еден превкусен рецепт од стариот нотес на баба. Американски крофни чиј што сладок мирис ќе ве врати во детството. Еве ја рецептата:
Начин на подготовка:
Во голем сад ставете ги сувите состојки, направете длабнатина во средината а потоа додадете ги млекото, растопениот путер и изматените јајца. Месете додека не добиете меко тесто. На набрашнета површина размесете го тестото. Оставете го во сад да стасува на собна температура додека волуменот двојно не се зголеми. Во меѓувреме, расукајте го тестото со дебелина од 1 см. Со две различни чаши сечете ги формите. Со поголемата чаша направете круг, а со помалата чаша направете круг во кругот за да добиете форма на прстен, американски облик на крофни. Исечените крофни оставете ги да се одморат.
Крофните се пржат во длабоко масло на средна температура, по 2 минути од секоја страна. При пржењето, не ја вклучувајте ринглата на најјако, туку на средна температура. Така, крофните ќе може добро да се испржат и во внатрешноста, а ќе имаат убава боја.Испржете ги и топчињата кои сте ги извадиле од средината. Во сад измешајте шеќер во прав со цимет и наросете ги крофните. Сервирајте и прелијте со чоколаден прелив, по желба!
Добар апетит!