Јапонско јаболко – вашиот сојузник за броба против зимските болести

Со уникатен вкус и налик на патлиџан во портокалова боја, придобивките од јапонското јаболко се многубројни. Не само што содржи ниска количина на калории и масти, туку исто така е добар извор на растителни влакна, кои помагаат при варењето на храната. Јапонското јаболко е богато со полифеноли – антиоксиданти, состојки кои помагаат при превенцијата од рак. Имаат и антиинфекциско својство и се добри за имунитетот.

japonsko jabolko
Оваа овошје изобилува и со витамин А, витамин Ц, бета каротен, ликопен, лутеин и криптоксанин. Овие состојки штитат од штетното дејство на слободните радикали, кои го забрзуваат стареењето и се извор на други здравствени проблеми. Присуството на Б-комплекс и витамини како фолна киселина, витамин Б-6, тиамин кои ги содржи јапонското јаболко, играат важна улога во ензимските процеси на метаболизмот.

Со редовното конзумирање јапонски јаболка му помагате на телото да го зајакне имунитетот против разните вируси кои владеат во зимскиот период. Свежите јапонски јаболка содржат и минерали како манган, бакар, фосфор и калциум кои го подобруваат размножувањето на црвените крвни зрнца.

Па, што уште чекате?

th

Comments are closed.