Зарем некој може да му одолее на вкусот на чоколадото? Овој петок израдувајте ја вашата фамилија со заборавен струмички рецепт кој ќе ве натера да барате уште и уште.
Потребни состојки:
- 400мл. кисела вода
- 400 грама шеќер
- 400 грама брашно
- 250мл. зејтин
- 1 прашок за пециво
- 1 ванила
- 3 големи лажици какао
- 100 гр сецкани ореви
- 150 гр. чоколадо за готвење
- Мармалад (по желба)
Начин на подготовка:
Сите состојки се мешаат заедно а потоа тестото се пече во намастено тавче.
Откако тестото ќе биде испечено, се премачкува со 5 големи лажици мармалад од кајсии. Врз намачканиот мармалад се става слој од 150 гр чоколадо за готвење стопено со 4 лажици зејтин и малку вода. Декорирајте по желба.
Добар апетит!