Во средината на Подгорот, на надморска височина од 270 метри се наоѓа селото Колешино. Селото ја има една од најубавите местоположби.
Кањонот Баба е познат по еден настан од минатото. Имено, откако претходно си ставиле марамче на очите, 16 калуѓери за да не паднат живи во рацете на непријателот, се фрлиле во бездната на реката.
Порано селото имало друга местоположба и се наоѓало 500 метри појужно. Легендата која се пренесува од поколение на поколение, вели дека селото го добило своето име по овчарот Коле, коj прв се преселил на местото каде што е лоцирано денешното село. Тука тој изградил бачило и живеел со стадото. Подгорците кога минувале низ бачилото на Коле, викале: „Ова е Колешино!” (бачилото на Коле). Потоа околу неговото бачило се населиле и други селани од Подгорието и така се офромила мала селска населба.
Едно постаро предание, пак, вели дека селото го добило името по битката на Беласица во 1014 година која се водела помеѓу македонскиот цар Самуил и византискиот император Василиј Втори. По жестоката и крвава бобра меѓу двете војски во Кључката Клисура како и многубројните заклани жртви, населбата го добила името „Колешино”.
Со изградбата на патека и мост до водопадот кај селото Колешино, овој природен феномен е омилено катче и атракција за љубителите на убавата природа и ретките пејсажи. Овој феномен на природата претставува природна реткост во овој дел на планината Беласица, поради што е прогласен за „споменик на природата”.