Домашно и вкусно: Бабини медени срца кои сите ги сакаат

Израдувајте ги вашите најблиски со здрав и превкусен колач од кујната на нашите баби. Прочитајте како да подготвите медени срца, еден од најомилените десерти на струмичани:

Posno-medeno-srce

Потребни состојки за тесто:

–          500 грама бело брашно

–          250 грама мед

–          100 грама шеќер

–          150 грама маргарин

–          1 јајце

–          10 грама какао

–          2 мали лажички цимет

–          1 ќесичка прашок за печиво

–          100 грама ситно сечкани бадеми

 

Потребни состојки за филување:

–          2 пудинга од ванила

–          половина литар млеко

 

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ги медот, шеќерот и маргаринот на средна температура се додека целосно не се стопат. Потоа оставете да се олади смесата. Помешајте го брашното со останатите состојки и со изладената маса од маргарин, мед и шеќер. Тестото добро треба да се изедначи. Оставете го покриено 3 часа. Развијте кора со дебелина од 1.5 сантиметри и од неа со калап вадете срца кои ќе ги редите во плехот. Околу 15 минути печете ги на 180 степени. Заплепете ги срцата едно со друго со претходно подготвениот и оладен пудинг од ванила.

Готовите медени срциња комбинирајте ги со вашиот омилен чај или кафе. Добар апетит!

Medeno-srce

 

Comments are closed.