Италјански лазањи со мелено месо на струмички начин

Немате идеја што да зготвите за ручек? Сте пробале ли италјански лазањи на струмички начин? Лазањите се највкусни ако се подготват дома. Богат фил од мелено месо и домати, топли листови тестенини за лазањи, бешамел сос и кога сето тоа ќе се запече, на вас ви останува само да седнете удобно на столчето и да уживате во вкусот на убавата Италија.

lll

Време за подготовка: 1 час.

СОСТОЈКИ:

1

пакетче лазањи

500g

мелено месо

200g

рендан кашкавал

1

глава кромид

1‑2 с.л.

масло

3

чешниња лук

3 с.л.

доматен сос
оригано
магдонос
црн пипер
вегета

1 с.л.

сос бешамел

lazanja-44075081

Начин на ПОДГОТОВКА:

Исечкајте го кромидот а потоа ставете го да се пржи во тавче со загреано масло. На оган, ставете тенџере со солена вода. Откако водата ќе започне да врие, додајте ги лазањите да се варат. Кога кромидот ќе добие златна боја, во тавчето додајте го и меленото месо и постојано мешајте.

Откако месото ќе ја промени својата боја, во тавчето додајте ги и доматниот сос, лукот, ориганото, магдоносот, пиперот и вегетата и пржете додека не ја добиете посакуваната густина. Во добиената смеса додајте го сосот бешамел.

Откако ќе ги сварите лазањите, земете тава за печење, премачкајте ја со масло и наредете еден ред лазањи. Над нив ставете од смесата со мелено месо и рендан кашкавал, па потоа пак ред од лазањите. Постапката се повторува се додека не ги нарредите сите лазањи. Најгорниот слој треба да биде со лазањи. Врз него ставете го остатокот од ренданиот кашкавал.

Ставете ја тавата во рерна и печете 30 минути на температура од 200°С.

Наздравје лазањи!

lazanja-11

 

Comments are closed.