Рецепта за струмички еклери. Прсти за излижеш!

На многумина од нас, омилен десерт им е еклерот. Рецептот е лесен за подготовка а задоволството е загарантирано. Прочитајте како да ги направите највкусните струмички еклери:

sostojki3

ekleri

За почеток, ставете ги маслото и водата да зовријат. Оставете ги уште две минути дополнително да зовријат. Во зовриената течност додавајте го брашното и мешајте додека не се собери. Тргнете го садот од оган, додадете го пецивото и оставете смесата потполно да се излади. Во изладената смеса миксирајте ги јајцата, така што ќе ги додавате едно по едно.

Може на два начина да ја ставите смесата во плехот. Еден начин е со помош на лажица да ставате по 2 купчиња едно до друго и одозгора ги израмнувате многу малку да добијат облик или со помош на шприц за тулумби.

Печете во загреана рерна на 250С првите 10 минути, потоа смалете ја температурата на 150С и печете уште 20 минути. Додека се печат еклерите рерната не смее да се отвора првите 20 минути.

Млекото и 4те лажици шеќер се оставаат да зовријат, па му се додава со жица избиената смеса од брашно јајца, ванилата и останатите 3 лажици шеќер. Се вари крем и се остава да излади. Во изладениот крем се миксира предходно изматен маргаринот со шеќерот во прав.

Еклерите се засекуваат и се филуваат со кремот. Одозгора можете да ги прелиете со чоколаден прелив, подготвен од маргарин, малку шеќер, какао и млеко, а по желба можете да додадете и малку чоколадо за готвење.

Наздравје еклери!

04f820da742fd9e10281f71fbd008adc

 

Comments are closed.