По лебот од просо – Просениково

Просениково е рамничарско село кое се наоѓа североисточно од градот Струмица. Преданијата велат дека ова населено место е мошне старо и постоело уште пред доаѓањето на Османлиите на Балканот.

31273762

Интересна е легендата за потеклото на неговото име. Се раскажува дека селото се вика Просениково оти во дамнешно време неговите жители во својата исхрана, наместо пченичен леб, употребуваа „просеник” (пресник). Немаштијата ги натера да се хранат со леб од просо. Во тоа време сите семејства во селото во исхраната употребувале просеник, поради што селото го добило името „Просениково”.

Има и друга легенда која вели дека името на селото е добиено од машкото лично име Просеник, кое е регистрирано во 16 век.

34636635

Селото Просениково е стара населба споменета во некои средновековни повелби на феудални владететли во 14 век. За време на туркото владењње, селото Просениково беше чифлик на богатите бегови. За тоа сведочат и имињата на одделни месности околу населбата: „Џевитка”, „Свињарник”, „Турско Гробје”, „Јасенки”, „Динк”, „Раетско мааало” и други.

Доколку ви се укаже можност, посетете го село Просениково и почувствувајте го мирисот на едно дамнешно минато кое сведочи за историјата на македонскиот народ.

34146014 34636618

Comments are closed.