Утре (четврток) во НУЦК ,,Антон Панов” во Струмица свечено ќе се отвори 11 издание на Фестивалот новиот германски филм. Под мотото „Сакам филм“ (Ich liebe Film) , амбасадата на Германија и ПроКредит Банка Ви прикажуваат десет актуелни германски продукции, од минатата и од оваа година, во десет македонски града. Турнејата започна на 8 октомври во Прилеп, а ќе финишира во Струмица.
Караванот ќе започне со прикажување филмот „Роден во болка“, невообичаен трилер од исклучително популарната тв-серија во Германија „Место на настанот“, која се снима уште од 1970 година. Со речиси 1000 епизоди и 10 милиони гледачи, серијата достигна култен статус. Поентата е дека речиси секој голем германски град си има своја екипа за крим техника. „Роден во болка“ е снимен во Хесен и има добиено повеќе филмски награди.
Во рамки на филмскиот фестивал ќе бидат прикажани уште девет други филма: комедии, драми, еден историски филм и два детски филма. Изборот прикажува пресек на широката палета на германската кинематографија, поддржана со јавни средства. Сите филмови имаат добиено награди. Историскиот филм „Љубените сестри“ (станува збор за Фридрих Шилер) е номиниран за Оскар во категоријата „најдобар странски филм“.
Преку филмовите на 11. издание публиката ќе може да ја доживее Германија, нејзините култура, историја и општество. Љубов и пасија, болест, старост и смрт, страв и љубомора, оптоварувачко минато и надеж за иднината, доселеници и компјутерски хакери – филмовите се разнолики исто како и самиот живот. Дејствијата се одвиваат во Германија – но пораките се универзални и разбирливи за сите гледачи.
Фестивалот на новиот германски филм е најголемото достигнување во годината на културната програма на Германската амбасада. Влезот за филмските проекции е бесплатен!
Во продолжение погледнете ја агендата на филмските проекции: