Што вели легендата за едно од најубавите струмички села – Габрово?

Село Габрово се наоѓа во подножјето на планината Беласица. Според преданијата и историските податоци, населбата е основана уште во средниот век, пред доаѓањето на Турците – Османлии во Струмичката котлина. Легендата вели дека селото го добило своето име поради тоа што околу него имало многу габрови дрвје (габер). Има и друга верзија за името на селото. Според неа, селото го има добиено своето име поради многуте габерливи (мувлосани) камења до селото, што се наоѓаат на западната страна од населбата, над патот што води за Колешино.

gabrovo

За време на турското владеење на Балканот, во селото Габрово имало комитски јатак. Селаните им помагале на комитите кои се собирале над селото, во пазувите на Беласица. Комитското седло се наоѓало југозападно од населбата, во длабоката долина на реката Барлен. Таму е откриена една голема рамна карпа, од која се гледа текот на реката, чиј кањон е многу висок. Водопадот во горниот водотек на Барлен е наречен Габровски водопад. Оваа планинска река извира под еден висок врв на Беласица, меѓу селата Габрово и Колешино. На оддалеченост од еден километар има три помали водопади, високи од 4 до 8 метри, а нивната чиста ледено студена вода истекува меѓу дебелите и разгранети буки.

gabrovski vodopadi (1) gabrovski vodopadi (2) gabrovski vodopadi (4) gabrovski vodopadi (5) gabrovski vodopadi (6)

Југоисточно од селото се наоѓа една голема карпа (спила) по која и месноста е наречена „Спила”. Ако при посетата на оваа месност го ставите увото на спилата под која минува големо количество подземна вода, ќе го почувствувате шумолењето на водата.

Вам ви преостанува да го посетете го Габрово и да се уверете во неговата волшебна убавина!

26317224 gabrovski vodopadi exploring macedonia

Comments are closed.