Убавината на жената не е само во нејзините нозе.
Има и нешто измеѓу.
*
На чужда жена дете не се праа.
Освен ненамерно.
*
Тој што рекол дека сите жени се исти сигурно била жена.
Од завидл’к.
*
Секоја жена е ковач на сопствената среќа.
Треба само добро да умее со чукот.
*
Ја сакаше безрезервно.
А потоа си најде и резерва.
*
Во секоја жена гори оган.
Од мажот зависи дали на него ќе се грее или ќе се пржи.
*
Жените се како ракиите.
Секоја различно опива.
*
Фаќањето кривини во поледно време е нормална појава.
Модерниот живот е комплициран лавиринт.
*
Успевам да врзам крај со крај,
ама ми се кине на средината.