Афористичарите повторно ќе ве засмејуваат на „Струмица ОПЕН фест’’

„Вечер на македонскиот афоризам“ и оваа година ќе биде дел од „Струмица ОПЕН фестивал’’. Настанот ќе се одржи на 10 август покрај Езерцето во Градскиот парк, со почеток во 21:00 часот.

„Сите кои присуствуваа на овој настан во претходните години знаат дека тој изобилува со многу хумор и сатира, затоа повикуваме сите лубители и на пишаниот збор и афоризмот да дојдат бидејќи верувам дека овој настан ќе им остане долго во сеќавање’’ – вели афористичарот Ацо Ѓоргиев.

open aforizmi najava 005

На „Вечер на македонскиот афоризам’’ афоризми ќе читат афористичари од Струмица – Ѓорге Панов, Русто Филчевски и Ацо Ѓоргиев како и Миле Ѓогиевски од Делчево, Ленче Стојменова и Јане Танасов од Кочани.

Овој настан се организира по трет пат.

Comments are closed.