Афоризми на Ацо Ѓоргиев, дел 22

*Не можеш да и’ побегнеш на сопствената совест.
Ќе те фати на спиењe.

10468063_10203973989009767_730702352310194500_n

*Се’ додека не затвориш една врата- не отварај друга.

Опасно е да се живее на промаја.

 

*Чувствата немаат мерка за вредност.

Затоа не можат да се купат за пари

 

*Животот е циркус.

Само уште да знаеме кој е вистински кловн, а кој лажен магионичар.

 

*Македонецот бил пиреј.

Точно е, ама и другите не се цвеќе за мирисање.

 

*Тоа, каков човек си, не може да се види од одразот во огледалото, туку од сјајот во очите на другите луѓе.

 

*Среќен е тој којшто навреме сфатил дека во животот не може да се има се’ .

 

*Изгубената доверба е како изгубена невиност- не се враќа.

 

*Не можеш да обвинуваш дека други ти ја матат водата,

ако со себеси не си на чисто.

 

*Принудно вегетаријанец:

Од Принцезата на зрно грашок ми остана само грашокот.

 

*Месечината ја крие темната страна.

Исто и човекот.

 

*Мислев дека ја имам како Ас во ракавот.

Излезе дека и други играле на иста “карта”.

 

*Паметен е оној којшто сфатил дека другите не се поглупави од него, туку само различно го перцепираат светот.

Comments are closed.