Дабиља во преводот значи „уште полошо’’

Интересна е легендатa како селото Дабиља го добило име.

Се кажува дека името потекнува од турските зборови „даа беља’’ што на македонскиот јазик се преведува „уште полошо’’. Легендата кажува дека за време на турското ропство, струмичката котлина била сопственост на неколку турски бегови.

Патувајќи еден ден со слугите кон Струмица, сопственикот на чифликот во атарот на денешно Ново Село, наишол на разни невољи со натоварени запрежни коли со земјоделски производи. Кога го минале село Турново, бидејќи пред тоа врнел дожд, тешко ги влечеле натоварените коли по каливиот пат. При секој застој, бегот и слугите често викале „Те беља!’’.

2908224178_93e29ed0b8

Но, кога стигнале до местото каде денеска се наоѓа Дабиља, патувањето било уште поотежано, калта била до колена и овде изгубиле најмногу време. Гледајќи дека добиците не можат лесно да излезат од калта, бегот викал „Даа беља!’’ (Уште полошо!).

Овие зборови ги слушнале и селаните и долго време им останале во сеќавање, поради што подоцна местото го нарекле Даа Беља, а потоа – Дабиља.

Денес селото го викаат и Дабиле…

 

Текстот е напишан по книгата „Имињата на населби во струмичко’’ од Костадин Кајдамов.

Comments are closed.