Со едноминутно молчење за одавање на почит на загинатите полицајци во Куманово со перформанс пред ТЦ „Глобал’’, струмичани и вечерва протестираа барајќи оставка од Владата.
Носејќи транспаренти „Долу Влада’’, „Мир и правда“, „Збогум, Никола“, граѓаните маршира низ струмичките улици, градскиот парк до плоштадот „Гоце Делчев’’.
На плоштадот струмичани порачаа на премиерот Груевски дека на 17 мај ќе бидат дел од масовниот протест во Скопје каде повторно ќе побараат оставка од Владата.