Се одржа општинскиот натпревар по сообраќај „Детски семафор“

Денеска во општинското основно училиште „Видое Подгорец“ се одржа општинскиот натпревар по сообраќај за учениците од основните училишта „Детски семафор“. Според Зоран Узунов, претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, годинава во натпреварот учествуваа десет училишта и тоа 20 ученици во големата и 40 ученици во малата група.

DSC_0361

Учениците полагаа писмен дел и се натпреваруваа во вешто возење со велосипед на посебен полигон. Натпреварот го отвори претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов. Безбедноста на децата и младите во сообраќајот претставува приоритет на сите општествени чинители и на сите оние кои имаат за задача да се грижат за сеопфатниот растеж и квалитетното живеење на заедницата. Во таа смисла постојаната сообраќајна едукација и континуираното вложување во зголемувањето на свеста и сообраќајната култура, претставуваат адекватна превенција од несакани сообраќајни несреќи во кои може да страдаат децата и младите. Токму затоа, сообраќајните натпревари на учениците од основните училишта, имаат за цел – посепфатен нивен ангажман за стекнување и проширување на знаењата од областа на сообраќајно – техничката култура, како завршен дел од работата на сообраќајно – техничкото образование и воспитување на учениците, изведена низ редовните наставни содржини, како и низ воннаставните активности. Општина Струмица преку Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, традиционално учествува во организацијата и спроведувањето на сообраќајно – воспитната манифестација „Детски семафор“. Убеден сум дека и овогодинешното издание на оваа манифестација, чиј домаќин е училиштето „Видое Подгорец“ ќе ги даде посакуваните резултати, на наше заедничко задоволство. Пренесувајќи ви ги поздравите од градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и посакувајќи им успех на сите учесници на манифестацијата, општинскиот натпревар „Детски семафор“ го прогласувам за отворен. Нека победат најдобрите, рече Христов. Победниците ќе учествуваат на регионалниот натпревар кој на 9 мај ќе се одржи во Струмица, а државниот натпревар е закажан за 31 мај во Скопје. Минатата година учениците од општина Струмица го освоија првото место на државниот натпревар

Comments are closed.