Турново на домашен терен против Силекс

Фудбалерите на Турново во рамки на 25. коло на домашен терен го пречекуваат тимот на Силекс од Кратово. Фудбалерите на Силекс моментално се пласирани на шестата позиција со 30 бодови.

Турновци со победа против Силекс ќе се искачат на шестото место со 31 освоен бод, доколку пак Брегалница славе над Металург, тогаш Турново ќе се искачи на петото место. Евентуален пораз за Турново, и победа за Брегалница, значи дека Турновци се селат на осмото место, а Брегалница ќе се искачи на седмото место.

turnovo

Овие две екипи оваа сезона првиот натпревар го одиграа во првото коло во Кратово, каде Силекс славеше со 2:0. Во вториот натпревар одигран во рамки на 10. коло каде Турново беше домаќин, резултатот беше нерешен односно 1:1.

На последните пет натпревари Турновци забележиле две победи, едно реми и два порази, при што постигнале 19 погодоци, а примиле 24, додека фудбалерите на Силекс на последните 5 натпревари, три пати биле поразени, додека два пати ремизирале, при што постигнале 24 погодоци, а примиле 31.

Натпреварот се игра во недела.

Александар Ванев

Comments are closed.