Во недела Беласица апсолутен фаворит во натпреварот со 14 Октомври

Фудбалерите на Беласица во недела на домашен терен го пречекуваат тимот на 14 Октомври 1946. Во натпреварот кој што ќе се одигра во рамки од 14. коло, Беласица е апсолутен фаворит. 

Во првиот натпревар кој што се одигра во третото коло Беласица на гостински терен фуриозно го прегази 14 Октомври со високи 1:8.

34

Во досегашните 13 одиграни кола, Беласица ја има лидерската позиција со 33 бодови, додека 14 Октомври е на дното, и воедно е единствениот тим, кој што засега нема освоени бодови.

Фудбалерите на Беласица постигнале високи 38 погодоци, а примиле само 8, додека 14 Октомври има постигнато само 9 погодоци, а примиле високи 72 погодоци.

Александар Ванев

Comments are closed.