На хуманитарна акција во недела ќе се продаваат велигденски украси

По повод празникот Велигден, Организацијата на жени од Струмица и оваа година организира хуманитарна акција „Од децата за децата“.11079617_964219870279571_7566046147361945804_n - Copy

Учениците од основните училишта во општина Струмица изработија ракотворби со велигденски обележја, кои ќе бидат изложени на продажни штандови, а собраните средства ќе бидат наменети за 100 прехранбени пакети за социјално загрозени семејства.

Акцијата ќе се одржи во хотел „Тивериопол’’, во недела (5 април), со почеток во 11 часот.

Comments are closed.