Градоначалникот Зоран Заев поднесе кривична пријава против Иван Николов – Сачевалиев

До Основното јавно обвинилество во Струмица денеска е поднесена кривична пријава против Иван Николов – Сачевалиев.
Кривичната пријава против лицето Иво Николов е за сторени две кривични дела: за нудење поткуп на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и за лажно пријавување.
DSC_9612
-Денеска од страна на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, е поднесена кривична пријава против Иван Николов – Сачевалиев за кривично дело лажно пријавување и нудење на поткуп. Подолг период наназад, почнувајќи од месец ноември 2013 година па до пред некој ден, пријавениот Иван Николов има поведено повеќе постапки пред општина Струмица за трансформација на градежно земјиште, за легализација на бесправни објекти и слично со кои предмети имал потреба да  остварува повеќе контакти и средби со било кој од вработените. Меѓутоа веќе неколку пати пред некој ден почнал да нуди надомест, помош за изградба на црквата и слично на кое нешто реакцијата на Зоран Заев била енергична да истото тоа го одбие и состави записник со вработените во присуство на сведоци, рече во денешната изјава Ване Андреев овластен адвокат на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.
На новинарско прашање, зошто речиси после две години се поднесува кривична пријава, адвокатот Андреев одговори:
-Значи не е за после две години, предметите се работат, има 6 или 7 предмети, повеќето се правосилно решени, значи се води постапка, ниту претпоставувал ниту можел да претпостави дека ќе му биде нудено мито, тоа сега се случува и во моментот кога се случува веднаш се составува службена белешка и се пријавува.

Comments are closed.