Афоризми инспирирани од карневалот и еротиката

На Фестивалот на афоризам и карикатура оваа година пристигнаа 400 афоризми од шест земји, инспирирани од карневалот и еротиката. Ова се некои од нив…

nagrdae za aforizme i karikature 046

*Бракот му беше плод на една грешка и ја истресе сливата.

 

*Групниот секс е како колективната работа – од никого не се бара одговорност.

 

*Ја изневерувам сопругата од здравствени причини. Луд сум по комшивката.

 

*Не и ги простувај гревовите, Господе, на сопругата. Ќе почне од почеток.

10408663_913264528726342_524862878235131997_n

 

*Синоќа посакав да ја разголам до последно влакно. Предоцна, некој друг вчера веќе ја беше депилирал.

 

*Еманципираните жени немаат влакно на јазикот. Освен понекое срамно.

 

*Отпрвин и стоев на располагање. Сега и лежам.

 

*Жените се како ракиите. Секоја различно „опива’’.

 

*Жените кои палат од прва, сите сакаат да ги креснат.

 

*За да биде жената што подолго добра риба, мора добро да се конзервира.

 

*Јас секоја ноќ спијам со жената. Таа на едниот крај од креветот, а јас на другиот.

 

*Ако си уморен од сексот со жената, секогаш ќе се најде некој да те замени!

 

*Платежните картички се софистициран калауз за секоја женска брава.

 

*Некои дами носат гаќи во зелена боја, зашто сакаат да бидат добро изгазени.

10413398_913264685392993_9115583457376507401_n

 

*Во сексот си игра мерење. Таа мереше должина, а тој – длабочина.

 

*Резултатот секогаш им беше нерешен. Свршуваа истовремено.

 

*Не се меша во туѓи бракови. Ја изневерува жена му со проститутки.

 

*На пуст остров, секој маж би повел жена, и секира за секој случај.

 

*Најуспешни мажи се оние најдобро облечените, а најуспешни жени – оние најдобро соблечените.

 

 

Comments are closed.