Општина Струмица ја известува заинтересираната јавност дека во рамките на проектот: „Подготовка на проектни студии (FS, CBA, EIA), проектна документација за инвестицискиот проект за собирање и третман на отпадни води во општините Струмица, Битола, и Тетово“ EuropeAid/133257/D/SER/MK, подготвена е студија за оцена на влијание врз животната средина на проектот: Пречистителна станица за отпадни води на територијата на Општина Струмица .
По тој повод, општина Струмица ве поканува на Јавнaтa расправa по студијата која ќе се одржи на 19 февруари 2015 година (четврток), во малата сала во Дом на АРМ, со почеток во 12.00 часот.