Работилница за креативно пишување, на која предавањето го одржаа младите поети Ана Голејшка и Ѓоко Здравески, е една од последните активиности на Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ како дел од проектот LITERA ARTE, финансиски поддржан од општина Струмица,
Младите автори од Струмица имаа можност на работилницата да слушнат предавање на сите теми од книжевноста, но и да откријат како Ана и Ѓоко ја пронаоѓаат инспирацијата за своето креативно пишување и создавање на поетското творештво.
„Креативното пишување се повеќе се развива на социјалните мрежи и постојат многу млади луѓе кои воодушевуваат со своите размислувања. Креативното пишување допрва ќе биде една од алатките со кои ќе се обидеме да го промениме општеството затоа што тоа помага во свестувањето на луѓето и пренесување на пораката од книжевноста’’ – вели Митко Гогов, основач на Здружението „Контекст’’.
Тој додава дека во проектот LITERA ARTE во текот на годината се одржани неколку работилници за креативно пишување на кои учествувале и до 30 млади поети.
„Драго ми е дека на работилниците доаѓаат млади автори од Радовиш и околните општини кои сакат да учествуваат во овој проект’’ – вели Гогов.
Во наредниот период Здружението „Контекст’’ ќе угости уште еден еминентен македонски автор и ќе го престави алманахот во кој ќе се најдат литературни творби на сите учесници од работилницата.