Центарот на заедницата на општина Струмица одржа јавна дебата за волонтерство

Синоќа во домот на АРМ во Струмица се одржа јавна дебата на тема „Волонтерство- има/нема бенефит?!“ во организација на Центарот на заедницата на општина Струмица заедно со членовите на дебатниот клуб на Младински образовен форум во Струмица.За  позитивните  искуства и  стекнувањето  вештини  кај  младите  преку волонтерството зборуваа Зоран  Узунов,  општински  просветен  инспектор,  Спасе  Глигоров,  раководител на Секторот  за  управување  со  човечки  ресурси  и  обуки при општина Струмица и Митко  Гогов,  претседател  на  граѓанското  здружение  „Контекст“.

10957587_727554514027796_790012432_n 10966511_727554524027795_1446465462_n

Во рамките на дебатата се презентираа ставови на два спротивставени тима, афирмациски и негациски тим составени од ученици од Струмица. Тимовите го изнесуваа својот став за и против волонтирањето, која е целта на волонтирањето, зошто е корисно да се волонтира, но и вреди ли да се работи некоја работа без финансиски или друг бенефит, дали некому би помогнале околу нешто без да се очекува било што за возврат.Во дебатата активно се вклучи и публиката споделувајќи позитивни и негативни искуства околу волонтирањето.

10947737_727554517361129_194349211_n

Comments are closed.