ЕВН Македонија донираше помош за населението во поплавените подрачја

ЕВН Македонија се приклучи на акцијата на Црвениот Крст за помош на најпогоденото население во поплавите што ја зафатија Македонија.

evn1

Донирани се флаширана вода за пиење и средства за дезинфекција како најнеопходни во овој момент за населението во Струмица, Штип, Чешиново-Облешево, Прилеп и другите подрачја во кои поради излевањето на реките водата не е за пиење или воопшто ја нема.

Соработката со Црвениот Крст за помош на поплавените подрачја ќе продолжи и натаму, согласно потребите на населението во кризните подрачја.

Comments are closed.