Младите од Струмица и Кукуш на семинар за туристички водичи

Дводневна обука за туристички водичи е една од последните активности од проектот „Заштита и промоција на природното и културно наследство во регионот Струмица – Кукуш’’. Семинарот започна денеска, а 24 учесници од овие две општини ќе имат можност да се запознаат со основите на туристичката дејност  или да го надоградат своето знаење.

mobilnost germ. ambasada 043

Обуката ја одржуваат експерти од Македонија и Грција.

„Овој семинар е значаен за двата региони. Статистичките податоци покажуваат раст на бројот на туристи и бројот на ноќевања во Струмица’’ – вели  Џоко Ристевски, раководител на Одделението за меѓународна соработка и европски  фондови при општина Струмица

mobilnost germ. ambasada 038

Во рамките на проектот, учесниците на обуката за туристички водичи ќе посетат и неколку значајни туристички места во регионот.

 

Comments are closed.