Во Струмица денеска со свеченост се одбележа 143 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
За животот и делото на апостолот на македонското револуционерно движење зборуваше претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, додека учениците од Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето’’ рецитираа револуционерна поезија.
Пред споменикот на Гоце Делчев претставниците од јавните установи, политичките партии , основните и средните училишта, од Сојузот на борците положија свежо цвеќе