Ќе нема вода во Струмица, Просениково, Добрејци, Дабиле, Градско Балдовци и Баница

Се известуваат граѓаните на градот Струмица и петте населени места Просениково, Добрејци, Дабиле, Градско Балдовци и Баница дека денеска ќе останат без вода за пиење.

Во текот на ноќните часови, а како резултат на испуштање на вода од браната „Турија“ направена е штета, односно, скината е главната доводна цевка за водоснабдување на општина Струмица.

Екипите на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ веќе се на терен и работат на отстранување на дефектот.

Граѓаните навремено ќе бидат известувани за активностите на отстранување на дефектот и кога ќе се нормализира водоснабдувањето.

 Пазарот_Глобал_Струмица

Comments are closed.