Општина Струмица заедно со месното население се справува со надојдените води

Општина Струмица со сите расположливи ресурси, луѓе и механизација, денеска, заедно со месното население се справуваат со надојдените води на реката Струмица која е пред излевање. Најкритично е во населените места Муртино и Сачево. Таму веќе под вода се дел од пластениците и обработливото земјоделско земјиште. Се прават напори да не се поплават домовите.

DSC_7488На неколку најкритични точки е целокупната механизација на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, Територијалната противпожарна единица и членовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Според командантот на штабот, Кирил Парталов, со камиони се носи песок и се полнат вреќи од кои се прави заштитен ѕид од надојдените води на критичните места, а активирана е и целокупната механизација.
Општина Струмица сама се справува со надојдените води во речните корита и одводните канали, откако Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и водостопанското претпријатие „Струмичко поле“ не покажаа сериозен однос во преземањето на превентивни мерки за заштита од поплавите.

DSC_7508
И месното население од Муртино, Сачево, Просениково и Дабиле пред две години, но и пред поплавите од минатиот викенд, бараше од надлежните државни органи, а пред се од „Струмичко поле“ да се исчистат коритата на реките и каналите за да се спречат поплави. Тие не се исчистија, а поплавите им предизвикаа милионски штети на жителите од овие населени мести. За да ги заштити имотите на овие луѓе, општина Струмица ги активираше сите свои ресурси во изминатите деновиве, а и денеска, работи во одбрана на загрозените места од надојдените води.

DSC_7506 DSC_7496 DSC_7494 DSC_7491 DSC_7487 DSC_7485 DSC_7480 DSC_7476 DSC_7468 DSC_7461 DSC_7459 DSC_7452

Comments are closed.