На овогодишниот Меѓународен фестивал за афоризам и карикатура „Струмица 2015’’ кој се одржува во рамките на Струмичкиот карневал, Валентин Георгиев од Бугарија освои златна плакета за најдобра карикатура додека афоризмот на Веселин Зидаров, исто така од Бугарија, е прогласен за најдобриот.
Сребрената плакета во категорија карикатура ја доби Хрватот Слободан Бутар, а бронзената ја освои Дору Аксинте од Романија.
За најдобар напишан афоризам сребрената плакета ја доби Македонецот Горан Марковски, а бронзената струмичкиот афористичар Ацо Ѓоргиев.
Фестивалот на афоризам и карикатура се одржува по шестнаесети пат. Оваа година на натпреварот се пријавени 200 карикатури и 400 афоризми, инспирирани од карневалот и еротиката.
Наградите на најдобрите карикатуристи и афористичари ќе бидат врачени на 23 февруари.
фото: Сречко Гунчев