Советот изгласа да се реши проблемот со бездомните кучиња во Струмица

Советот на општина Струмица донесе одлука за распишување на оглас до здруженијата на граѓани, правни или физички лица кои имаат можност да го решат проблемот за отстранување на бездомните кучиња од улиците .

10336617_860243907342575_1921115552058552616_n

Овој проблем кој поостои веќе долг период на подрачјето на општина Струмица ќе биде решен, како што предложија и усвоија советниците, со здомување на кучињата, нивно вакцинирање, кастрирање и поставување на микрочипови. Во случајот истите да покажуваат некоја заразна болест, ќе бидат еутанизирани. Исто така, сите бездомни кучиња ќе бидат воведени и во посебен регистрар.
Огласот за отстранување на бездомните кучиња ќе биде распишан за здруженијата на граѓани, правни и физички лица кои се занимаават со оваа дејност, а поседуваат и лиценца за истата.

Comments are closed.