Се санираат речните корита во населените места во кои се случи поплава

Општина Струмица во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување денеска упатија механизација за санирање на речното корито во село Просениково, едно од настраданите села од поплавите. Како што велат од Општина Струмица, „поправката’’ на речните корита ќе се изврши и во Муртино, Сачево и Дабиле.
„Најавено е од Хидрометеролошкиот завод дека деновиве ќе има уште посилни дождови. Навремено сакаме да извршиме поправка на овие речни корита доколку временските услови овозможат да влезе ваквата тешка механанизација’’ – изјави секретарот на општина Струмица, Кирил Парталов.

sovet 026
Парталов истакна дека Општина Струмица и граѓаните постојано укажувале на Водостопанското претпријатие „Струмички слив’’ за неопходно чистење на речните корита како превенција од поплавите, но не дошле до одговор од оваа претпријатие.
„Речните корита се во исклучива надлежност на Струмички слив и тие се наделжни за нивното одржување и санирање. Ние укажувавме дека е потребна санација на речните корита, меѓутоа, тоа до ден – денес не се случи’’ – вели Парталов.
Во изминативе три дена, вработените во општина Струмица примаа пријави од жителите од населените места Просениково, Добрејци, Дабиле, Муртино и Сачево за проценките на штетите од поплавите.
До сега се примени околу 400 пријави.

Comments are closed.